Овој викенд во околината на селото Плетвар ќе се одржи првото издание на спортско-рекреативниот настан „Pletvar Outdoor Festival“.
Од 28 до 30 август, присутните ќе имаат можност преку разни активности да се запознаат со планината и природата во тој крај.
Организатори се група ентузијасти, поддржани од Спелеолошкиот клуб Златоврв и Извидничкиот одред Феникс.
Некои од активностите ќе бидат искачување на врв Козјак (1747м) и посета на пештерата Дуова, кратка планинарска тура за почетници, велосипедска тура, слеклајн, стреличарство, игри во природа и скриено богатство за најмалите, сини часови јога, качување и спуштање со јаже, планинско трчање итн.
Настанот се организира во согласност со сите препораки и протоколи од влада за заштита од Ковид-19. Поради ова, организаторите ги замолуваат посетителите да ги почитуваат мерките за превентива – држење растојание, носење маски, често миење раце, дезинфекција.