По победата во Букурешт пред само три недели, македонската апликација за најдобрите твитови, ТweetsPie, победи и во Скопје на вториот Mobile AppCamp, објави порталот It.com.mk.
Со победата TweetsPie ќе добие шанса да оди назад во Букурешт, овојпат на Google Hackathon, на Webit Congress и најверојатно во Париз на натпреварувањето за стартапи на Alcatel. Второто место го освои ShareDrive, апликација која ги поврзува патниците, а третото место го освои Taxi in Slough, апликација за резервирање на такси. И овие две апликации ќе имаат шанса да патуваат во Париз.
TweetsPie беше во конкуренција со вкупно 30 македонски апликации кои се натпреваруваа за престижните награди. Сите учесници на Mobile AppCamp Skopje и деталите за апликациите ќе може да ги најдете тука. Во интервју објавено на Радио МОФ, Иван Медо Димовски детално раскажува за првата победа во Букурешт и за тоа како функционира победничката апликација.