„Прво па женско“ – поинаков Осми март во МКЦ

„Прво па женско“ - поинаков Осми март во МКЦТиииит! и МКЦ организираат целодневен настан на 8 март, замислен како „прослава на празникот на поинаквата жена.“ Програмата ја сочинуваат работилници, изложби, филмски проекции, концерти и диџејски настапи инспирирани од жената. Во музичкиот дел на програмата, на „матине-концерт“ во 18 часот ќе настапи скопскиот бенд June, додека во вечерниот термин во Денсинг салата на МКЦ од 20 часот ќе настапи српскиот алтернативен рок-бенд Репетитор, кој ќе го претстави својот штотуку излезен албум “Dobrodošli na okean”. 

Издвојуваме дел од програмата на „Прво па женско“: 

ЖЕНСКА СОБА
12.00 кино Фросина, фоаје на кат
Сопствена соба. Топол, интимен простор за раскажување убави приказни, размена на искуства и идеи за нови соработки. Претставувања и презентации отворени за публиката.
Домаќин(к)и: Реактор, Theatra, Контрапункт, Сигмапрес, Здруженска. ЛезФем, Skopje Casual, Преплет.
————————–————————–————————–—–

РАБОТИЛНИЦА „ПРАКТИЧНА ЖЕНА“
12.00 галерија на МКЦ
Инспирирана од иницијативата „Куварице“ на уметничката група Шкарт од Белград. Везење во живо во соработка со Здружението Домаќинки на Македонија од Скопје. Цитатот е на Jenny Holzer, а илустрација на Em Ellephantski.
————————–————————–————————–—–

ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ
12.00 галерија на МКЦ
8ми март во интимниот фокус на Камка Тоциновски, Ѓорче Ставревски, Ана Јакимска, Иван Илиев, Наташа Гелева NeuErotik, Самир Љума, Катја Штркова, Димитар Апостолов, Менче Петреска и Филип Пајдаков.
————————–————————–————————–—–

БАЗАР
12.00 фоаје на МКЦ
Одлична можност да (си) купиш поклон за 8ми март?
ATAMI, Александра Шекутковска, LUDUS, Драма студио Ивана Кнез, Нита Муча и Дафина Џепаровска,
M craft’s, Wizаrt (Јасмина Главинче и Милена Крстева), Soro Jewelry (Андријана Андреева), Chic Undercowear, Плетени колачиња, Ultra Design Shop, Damaja [handmade]i Atelier ندى..
————————–————————–————————–—–

ФИЛМСКА ПРОГРАМА
14.00 кино Фросина
Женски осврт на македонската кинематографија во соработка со Кинотека на РМ.
14:00 Фросина (1952) Режија: Воислав Нановиќ
15:30 Јас, Блага Мицанова (1977) Режија: Вангел Чемчев – Лаки
15:45 Опасна Баба (1985) Режија: Милчо Манчевски
16:00 Исправи се Делфина (1977) Режија: Александар Ѓурчинов
————————–————————–————————–—–

ХНУ КУЛИНАРСКИ ПЕРФОРМАНС „ВКУСОТ НА МАШКИОТ РУЧЕК“ + Матине концерт на June
18.00 фоаје на кино Фросина
Учесници: Давид Ангелевски, Влатко Деловски и Артан Садику

ХНУ_Истражувачкото студио за храна наука и уметност, преку готвењето на храна го истражува процесот од идеја до готово дело. ХНУ го поставува прашањето за врската помеѓу рецептот и крајниот вкус. Дали секој рецепт може да биде претворен во добар вкус? ХНУ преку целиот овој процес има за цел да потенцира колку е важна одговорноста во готвењето/создавањето на кулинарските/културните продукти.

June е производ на ентузијазмот на тројца инженери длабоко вљубени во музиката. Формиран во октомври, 2010 од Бојана, Данчо и Филип, бендот остава автентичен траг на македонската музичка сцена, давајќи и здив на свежина со својот микс од indie pop, americana со примеси на акустичен country pop. Досега имаат свирено на неколку фестивали и концерти, меѓу кои и на Таксират 2010, како пред група на Nouvelle Vague, EXIT 2011, Здраво Млади 2012, PIN Conference и други.
————————–————————–————————–—–

Настанот е  поддржан од МКЦ, Канал103 и Фондација Отворено Општество Македонија. Комплетната програма можете да ја најдете тука