Околу 5000 музички фанови во Барселона се прегрнуваа, танцуваа и пееја заедно на распродадениот рок концерт во саботата вечерта, откако сите поминаа брзи тестови за Ковид -19, во рамки на едно испитување што може да ја оживее музичката индустрија во Шпанија, и пошироко.
Настанот беше организиран за се види дали е можно безбедно одржување големи концерти, со почитување на строгите мерки поради пандемијата на коронавирусот.
Концертот беше организиран од позната шпанската група „Love of Lesbian“, а услов за да се присуствува беше задолжително носење заштитни маски, но не и почитување на препораките за дистанца. Луѓето кои сакаа да присуствуваат на концертот беа тестирани неколку часа пред настанот, што малку го оддолжи почетокот на концертот. Притоа можеа да влезат само регистрирани лица на возраст меѓу 18 и 65 години, со задолѓителен негативен тест.
Love of Lesbian queremos dar las GRACIAS más sinceras por todos los mensajes que estamos recibiendo. Estamos abrumados,…
Posted by Love of Lesbian on Sunday, March 28, 2021