Во пресрет на колоквиумските недели, ви подготвивме емисија која ги опфаќа темите: учење, меморија, заборавање, како и бројни практични совети за тоа како полесно да го “преживеете” овој период.
Што претставува процесот на учење?
Како би изгледале луѓето кога би немале меморија?
Зошто забораваме?
Ако и вие верувате дека користиме само 10% од мозокот, како и дека сите мемории се наоѓаат во едно место во мозокот, или дека вашата меморија е ограничена, тогаш дефинитивно треба да ја слушнете оваа емисија.
Зборуваме за овие митови, како и многу други и нудиме различни совети за учење заедно со нашиот гостин Васил Божаклиев, успешен студент на ФЕИТ.
Psihe – Kolokviumska is killing me softly by Radio Mof on Mixcloud