Здружението на студенти по психологија – Психеско организира дводневен настан за семејната динамика кој ќе се одржи на 17 (петок) и 18 март (сабота) во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје.
Како што информираат од Здружението, програмата за настанот е составена од работилници и излагања на гости, говорници кои ќе зборуваат на различни прашања поврзани со целокупната тема.
Говорници ќе бидат Емилија Стоимњнова Цаневска на тема „Семејни констелации“ и Деспина Стојановска за „Местото на семејството во зависноста“ во петок и Орхидеја Шурбановска – „Некаде помеѓу функционалност и дисфукнционалноста“, Клементина Добревска и Јорданка Ч. Трајкоска на тема „Искуство од пракса- семејствата денес“ Емилија Стоимњнова Цаневска за „Семејството на надарено дете“ и Кирил Тројачанец за„Искуство од пракса- значењето на семејството за старите лица“.
„Сакаме да нагласиме дека овој настан е отворен за апсолутно секој кој е заинтересиран да дознае повеќе за семејната динамика. Без разлика дали сте студент по психологија, професионалец во областа или едноставно некој што е љубопитен за темата, ве охрабруваме да ни се придружите на овој возбудлив настан“, велат од Психеско.
Присуството на настанот треба да се пријави на овој линк поради ограничениот број на слободни места.