Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и денеска и утре (сабота и недела) од 8 до 16 часот. Пунктот е лоциран во салата на сообраќајна полиција во рамки на полициската станица во населбата Кисела Вода.
Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, од МВР велат дека тоа можат да го направат без претходно закажување.
Дополнително, од ресорното министерство посочија дека денеска од 8 до 16 часот ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ и Беко.