Во употреба е пуштен СТБ Детскиот велодром, изграден во паркот Сарај, на површина од 1.500 метри квадратни како спортско-рекреативна содржина и нова локација атрактивна за љубителите на спортот во Скопје, информираат од Град Скопје.
„Новиот велодром на децата и младите им овозможува да учат возење велосипед и да се едуцираат во безбедна средина“, велат од Град Скопје.
Ова е проект на Стопанска банка Скопје реализиран со јавните претпријатија „Паркови и зеленило” Скопје и „Улици и патишта” Скопје како резултат на повеќегодишната соработка на Град Скопје со Стопанска банка.
Фото: Град Скопје