Пуштена во употреба нова сензорна соба во средното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје

Во средното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје е пуштена во употреба нова сензорна соба која ќе им овозможи поинклузивен тек на образовниот процес на средношколците со попреченост од скопските училишта, соопштија од Град Скопје.

Досега, оттаму велат дека опремиле сензорни соби во повеќе градски средни училишта, а проектот велат дека продолжува да се реализира во сите 23 средни училишта на Град Скопје со цел креирање инклузивна средина за сите скопски средношколци.

Од градот велат дека во континуитет ги реализираат активностите со кои е предвидена поддршка за средношколците со попреченост преку имплементирање проекти кои имаат клучна улога во подобрувањето на благосостојбата, обезбедувајќи безбеден и удобен простор прилагоден на нивните секојдневни потреби.