По четири години истражување, пустинските мачиња за првпат се фатени на камера.
Мачињата, на возраст од шест до осум недели, беа забележани од организацијата за големи мачки „Пантера“, кои поминаа околу еден час правејќи фотографии од мачињата пред да ја обележат возрасната женка, за која се верува дека е нивната мајка.
Тимот, предводен од биолозите Грегори Бретон и Александар Слива, ги забележале мачињата додека се враќале во кампот во мароканската Сахара во април оваа година. Забележувајќи три пара очиња што светкаат во темнината, истражувачите не можеле да поверуваат во нивната среќа кога сфатиле што откриле.
„Наоѓањето на овие мачиња беше зачудувачко”, рече Бретон, управен директор на „Пантера“. „Ние веруваме дека ова е првпат истражувачи да ги документираат дивите пустински мачки во нивната африканска средина”.
Пустинските мачки се единствениот вид на мачка која живее исклучиво во пустината. Тие можат да се најдат во Северна Африка, Средниот Исток и Централна Азија, но како што откри истражувачкиот тим, неверојатно тешко е да се лоцираат поради нивната извонредна способност да избегнат откривање. Нивното крзно со боја на песок отежнува да се забележуваат, а со нивните крзнени шепи не оставаат никакви траги во песокот. Тие патуваат само ноќе и секогаш расчистуваат по себе.