Легендарниот американски рок бенд Queens of the Stone Age ќе одржи концерт во Србија на 11 јуни, како дел од еднодневен рок фестивал кој ќе претставува почеток на EXIT авантурата во 2014, соопштија организаторите. Фановите сами ќе одлучат во кој српски град ќе се одржи фестивалот, со гласање на веб-страницата на EXIT.
Еден од најважните состави на рок сцената денеска, предводен од мултиинструменталистот Josh Homme, ќе го претстави својот последен албум, „…Like Clockwork“, издаден во јуни минатата година. Ова е шесто студиско издание на бендот, кое беше одлично профатено и од публиката и од критичарите, што се потврси со првото место на листата на најдобрите 200 албуми на 2013 на магазинот Billboard. Албумот беше номиниран за наградата „Греми“ во две категории, меѓу кои и „најдобар рок албум“.
Листата на гости на албумот е импозантна: Sir Elton John, фронтменот на Nine Inch Nails, Trent Reznor, Mark Lanegan, Nick Olivieri, фронтменот на Arctic Monkeys, Alex Turner, Jake Shears од Scissor Sisters, како и стариот пријател на QOTSA, Dave Grohl (Nirvana, Foo Fighters).