„АРНО“, во рамки на проектот RISE (Regional Incubator for Social Enterprises) објави повик за млади луѓе од 18 до 35 години за учество на работилницата „Социјално претприемништво од А до Ш со design thinking примери“ која ќе се одржи онлајн преку платформата „Зум“. Предавањето ќе се одржи утре, 22 септември од 18 фо 19 и 30 часот. ж
„Работилницита е наменета за сите кои се спремни на нови креативни предизвици и заинтересирани за запознавање со концептот на социјалното претприемништво, како и основите на Design Thinking методологијата, преку конкретни примери. Целта на оваа работилница е да им помогнеме на младите луѓе кои имаат бизнис идеја да добијат инспирација од успешни примери, а воедно и да дознаат за можностите и програмите кои се нудат во нашата држава“, велат оттаму.
Од „АРНО“ информираат дека работилницата е наменска и се спроведува со цел да се подготват заинтересираните млади кои сакаат да аплицираат на повикот од RISE програмата, кој е отворен до 26 септември.