Во четврток (13.04) од 13 до 15 часот, во просториите на Младински образовен форум (МОФ) ќе се одржи работилница за Казнено дело од омраза.
Работнилницата е во рамки на проектот „Обединети младински работници“, кој се реализира преку програмата IPA TAIB 2011 „Понатамошно јакнење и финансиска одржливост на граѓанскот општество“.
„На оваа работилница ќе се опфати казненото дело како такво, казненото дело од омраза, мотивите за нивното настанување и справување со нив, како и разликите кои постојат меѓу нив“, информираат од МОФ.
Профил на учесници од 18 до 28 години.
Рокот за пријавување е до 10 часот четврток (13.04) на martin_lazarevski@mof.org.mk.