Работилница за актер(к)и под водство на Лучила Трапацо

Интердисциплинарната уметница Лучила Трапацот од денес (27 ноември) до сабота (30 ноември) во Културно-социјалниот простор Центар Јадро одржува работилнци за актер(к) со наслов „Внатрешниот глас“.

„Работилницата има за цел да им помогне на учесниците да се поврзат со нивниот скриен гласовен потенцијал и креативното јас. Преку водени психофизички визуелизации, игри, сензорни и емоционални вежби и гласовна и физичка импровизација, учесниците ќе научат да го слушнат сопствениот внатрешен глас. Сесиите ќе се фокусираат на основните алатки со кои се гради експресивниот глас, како што се техниките на дишење и гестуарлна интерпретација на внатрешите звучни пејзажи. Едноставните вежби за истегнување ќе ја ослободат тензијата во лицето, грлото, стомачната област, рамената и долниот дел на грбот. Игривото истражување на просторот, телото и резонантните центри ги прават овие сесии креативни и ослободувачки, додека вашата вокална експресивност ќе се прошири“, велат од КСП Центар Јадро.

Времето на одржување на работилниците е следно:

27.11. (среда), од 17:00-20:30
28.11 (четврток), од 17:00-20:30
29.11 (петок), од 17:00-20:30
30.11 (сабота), од 17:00-20:30

Линкот за пријава е https://forms.gle/8AjzGnqo1bRsrnNn6

Лучила Трапацо е родена во Касино во 1964 година. Живее меѓу Цирих и Њујорк. Нејзините активности опфаќаат поезија (добитничка на различни награди, публикации во меѓународни антологии и уметнички книги, како и настапи на фестивали), театар (предавање на работилници, режија, актерство), видео-инсталации и литературни критики. Во нејзините дела тежнее кон синтеза на различните уметнички јазици. Нејзините дела се прикажани на повеќе меѓународни изложби и фестивали. Со години работи со три културни здруженија во Италија (TiconZero, Каљари, експериментална електроакустика и дополнителни јазици; ARS Cultural Movement, Рим, визуелна уметност; Tracce nel vento, Палермо, литература и издаваштво)