Страница со текст и црн маркер, oва се двете алатки кои ќе ви бидат потребни за да создадете Blackout поезија. За оние кои сакаат да ја пробат оваа техника на создавање поезија, се организира работилница, на 14 мај (сабота), во Кино „Култура.
Работилницата ќе трае околу два часа, со почеток во 12 часот.
„Ние ќе ги обезбедиме потребните материјали, страници со текст и маркери, а на вас останува да понесете добро расположение и желба за креативност“, велат организаторите.
Работилницата ќе ја водат Илона Олехлова, тренер и младински работник, и Марија Павлеска. Тие ќе користат методи за креативно пишување, алатки и техники за млади, но и за возрасни.