Во киното „Фросина“ ворамки на Скопје филм фестивал денеска напладне (29 април) ќе се одржи мастер клас/работилница за експериментален филм со шведскиот режисер Карл Абрахамсон, а во рамките на Скопје филм фестивал.
Теми на работилницата се физичката состојба на филмот разговор за ирационалните, емоционалните, направилните и темпо елементите во филмската продукција, човечкото лице и човечкиот поглед како клучен елемент во пренесувањето на емоции и американската против европската нарација.
За денеска е најавена и проекцијата на филмот на Абрахамсон „Неми усни“ од 2016 година, кој е дел на програмата Авторски филм. Режисерот и дел од актерската екипа се гости на Скопје филм фестивал.