Работилница за гитаристи со Рајан МекГарви утре во Сити Хол

Во рамки на Блуз и соул фестивалот, утре со почеток во 11 часот во Сити Хол ќе се одржи работилница со гитаристот Рајан МекГарви.

Работилницата е бесплатна и наменета за сите гитаристи и вљубеници во музиката.

МекГарви го опишуваат како ѕвезда во успон, а моментално е еден од најатрактивните млади гитаристи на американската блуз рок сцена. Настапувал со легендарниот Ерик Клептон на блуз фестивало, а добитник е и на наградата за Најдобар гитарист на годината во 2009 и Европската блуз награда за најдобар гитарист во 2014 година.

Вечерва на Блуз и соул фестивалот ќе настапат Raw Hide од Србија и Били Мерѕиотис и After Hours од Грција. Билетите чинат 300 денари, а можат да се набават во Југотон и продажните места на Купи карти за се.