Иницијативата за економски развој на Ромите РЕДИ од Скопје на 18 ноември (сабота) со почеток во 11 часот организира јавен настан – работилница на отворено во парк Фредерик Шопен во Oпштина Кисела Вода.
Целта на настанот е eдукација на населениото за правилна селекција на отпад, од проектот „Градиме еко навики“.
На настанот ќе присуствуваат граѓани од Oпштина Кисела Вода, а притоа, меѓу другото, ќе има презентација на РЕДИ и РЕДИ рециклажа, претставување на зелените амбасадори, но и работилница за тоа кои се видови отпад, за инфраструктура за селектирање/пластика, хартија и стакло, за циркуларна економија и сл.
Исто така, вклучена и е игра со селектирање на пластика и хартија.