Во Еколошко село – Сонцогор, под водство на Димче Ацков, овој викенд (1-2 јуни) ќе се одржи работилница за природна градба и поврзување со природата.
„Ќе учиме како да изградиме куќа од природни материјали. Ќе се поврземе со природата и ќе се дружиме. Работилницата е на отворено, покрај реката Бабуна, има само еден објект на локацијата. Тој објект е за некој кој не може да спие во шатор и за чување на работи или ако заврне таму да се скриеме“, посочува Димче Ацков од Сонцогор.
Тој информира дека сместувањето е во шатори, но, доколку некој нема – да му пише, бидејќи има три резервни шатори од претходните работилници.
„Потребно е да си носите прибир за јадење лонче и чинија, храна вегетерјанска, вреќица за спиење и шатор ако имате. Куќен ред е без месо, алкохол, опијати и пцовки! Храната е на база на делење или заедништво!“, потенцира Ацков.
За повеќе инфо во инбокс на Фејсбук на Ацков, или на телефонот 075/312-009.
„И имајте предвид дека еден човек сум само, а работилницата е бесплатна. Може кој сака да донира за материјали и за трошоци на сметка – Dimche Ackov Nlb banka 210501605344714 , напишете само за работилница“, соопштува тој.