Босанската комичарка Миранда Лончар ќе одржи работилница за стенд-ап комедија утре (16 декември) од 11 до 17 часот во КСП Центар Јадро.
„Оваа работилница, ако ви е полесна, можете да ја замислите како работилница за јавно говорење, а тие вештини се многу барани и всушност корисни за секого. Сепак, работилницата првенствено ќе се занимава со конкретна подготовка и изведба на stand-up настапи. Целта на работилницата е да им даде на учесниците привидно искуство на стенд-ап комичар“, се вели во описот.
Заинтересираните учесници може да ја добијат препорачаната литература на англиски јазик во пдф формат пред почетокот на работилницата.
Исто така, се додава во соопштението, можно е претходно да се подготви текстот и да се испрати до менторката на работилницата за тие да дојдат на работилницата со веќе подготвен текст. Клучен дел од работилницата е импровизиран настап со микрофон, на сцена, пред публика составена од други учесници.
Пријавувањето може да се направи преку овој линк.
Миранда Лончар доаѓа од Мостар, Босна и Херцеговина. Таа се занимава со стенд-ап комедија од 2008 година, а коментарите се дека ѝ оди добро во последните неколку години. Сака глупав хумор, но сепак да има некоја порака. Ја сака секоја публика, а омилена ѝ е онаа која гласно се смее: луѓе кои ширум ја отвораат устата, неоптоварени со својот изглед во моментот на напад на смеа. Комедијата во живо е игра на заведување за двајца, така што на крајот на вечерта и публиката и изведувачот се разголуваат низ смеа. Таа блискост ја возбудува г-ѓа Лончар, барем малку, затоа што веќе со години е во брак.
По работилницата, утревечер ќе се изведе и претставата „Сите ќе умреме“.
„Сите ќе умреме“ – стенд-ап претстава со Миранда Лончар во КСП Центар Јадро