Патувачката работилница „Видео игротека“ за дизајн и основни на креирање на видео игри и за селекција на отпад наменета за деца од седмо до деветто одделение продолжува во Свети Николе и Делчево.
„Идејата е децата да се запознаат со концептите поврзани со дизајнирање на видео игри на забавен и лесно разбирлив начин. Работилницата е под менторство на Милан Петровски кој работи во гејминг индустријата од 17 години и е пионер во ви-ар и еј-ар развој во Македонија.“, велат од Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии кои се организатори на работилницата.
Утре, во соработка со Go Green во Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево ќе се одржи предавање за заштита на животната средина за намалување, реупотреба и селекција на отпад. Во рамките на предавањето ќе биде претставена еко-иновацијата – мобилна станица за селекција со соларни панели кои ја создаваат струјата потребна за проекцијата на филмот.
Проектот „Видео игротека“ се реализира со поддршка од Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ.