Студентите по медицина и младите лекари во следните три дена ќе имаат можност да бидат дел од 40. јубилеен Интернационален медицински научен когренс, како и Југоисточно европскиот самит за специјализанти. Настаните официјално ќе започнат вечерва, во 21 часот во хотел Континентал во Скопје.
Во период од 12-ти до 15-ти мај, ќе се оддржат настани посветени на борбата за подобра едукација, развој на научно-истражувачката работа и стремежот кон подобар здравствен и едукативен систем.
Овој конгрес е единствен од ваков карактер организиран за млади и студенти бидејќи овде младите се натпреваруваат со научни истражувања (повеќе од 57 од 11 држави) и целта всушност е поттикнување на научно-истражувачката работа кај младите во Р. Македонија. Покрај тоа, ќе има и повеќе од 20 работилници, стручни предавања, панел дискусии и друго.