Како се креира Dubstep/DnB ритам или звукот наречен „Reece Bass“, како се користи еквилајзерот, кои се основните техники за миксинг – ова се само дел од темите на работилницата која на 10 и 11 октомври во Младинскиот културен центар(МКЦ) ќе ја води познатиот продуцент на електронска музика Иван Шопов (Balkansky/COOH).
-Ќе можете да ѕирнете во неговиот компјутер и да видите како тој составува типично музичко парче. Ќе се работи во Ableton, Reason или Cubase. Добредојдени се сите оние, кои се заинтересирани да научат нешто повеќе за дизајн на звук и продуцирање на електронска музика, појаснуваат организаторите.
Влезот е бесплатен, но задолжително е пријавување бидејќи бројот на учесниците е строго ограничен. Сите заинтересираните преку Фејсбук ќе треба да се пријават кај организаторот Скопје Вавилон.