Во рамки на Скопската недела на дизајн 2013 од 2 до 5 октомври Британски совет во Македонија и Националната фондација за наука, технологија и уметностите НЕСТА ќе организираат 4-дневна обука за креативни претприемачи – дизајнери насловена како „Работилница за креативни претпријатија”.
Обуката е развиена врз основа на Прирачникот за креативни претпријатија на Неста. Програмата ви овозможува вам – творецот на идејата – да ја имате контролата. Ќе имате можност да создадете бизнис, кој навистина го одразува вашиот ентузијазам, страст и вредности. Програмата опфаќа широк спектар на теми значајни за одржлив бизнис.
Работилницата е наменета за лица кои работат на полето на дизајнот (индустриски дизајн, дизајн на мебел, внатрешен дизајн, дизајн на продукти и пакување, графички дизајн, дизајн на накит, моден дизајн, видео и филм, итн.), последипломци или скоро дипломирани лица од факултетите за дизајн и уметност кои имаат потреба да ги усовршат своите вештини за развој на дејноста со кој се бават, како и за млади креативни претприемачи кои планираат да почнат свој бизнис.
Апликантите треба да живеат и работат во Македонија, како и течно да го зборуваат англискиот јавик (на ниво Б2).
Обиката овозможува учесниците да се стекнат со основно знаење и самодоверба за развивање на својата креативна бизнис идеја, ќе се опремат со алатки за развивање на одржлив бизнис како и со клучните информации што е потребно за да се развие еден оперативен план, маркетинг стратегија и финансиски план. Обуката ќе ја води Меган Пауел Вресвијк , обучувач на Неста од Велика Британија.
Оние кои сакаат да учествуваат на работилницата, треба да ја посетат страницата на Скопската недела на дизајнот 2013, да ја пополнат пријавата и испратат на contact@publicroom.org најдоцна до 17 часот, до 20 септември 2013 година. Трошоци за пат и сместување на учесници надвор од Скопје нема да бидат покриени, посочуваат од Британски совет во Македонија.