Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Младински образовен форум (МОФ) организираат двочасовна дебата на која ќе биде претставен Универзалниот периодичен извештај (УПР) – механизам преку кој се испитува почитувањето на човековите права во сите 193 земји членки на Обединетите нации.
Дебатата ќе се одржи на 15 мај од 18:30 до 20:00 часот во кафе Љубов во Скопје. Главна цел на дебатата е запознавање на младите со УПР процесот и нивно активно вклучување во промоција на спроведувањето на препораките упатени кон Македонија.
Говорници на настанот ќе бидат Уранија Пировска – извршна директорка на Хелсиншки комитет, Силва Пешиќ – советничка за човекови права, Воислав Стојановски – правен советник во Хелсиншки комитет и Мартина Смилевска – претседателка на Македонското здружение на млади правници.
Целиот настан во живо ќе биде пренесуван преку интернет страницата на Радио МОФ (www.radiomof.mk).