Иако од околу шестиот или седмиот век Европа користи арапски цифри, кои потекнуваат од Индија а ги прошириле арапските математичари низ цел свет, германски нео-нацист сака да ги укине „новите броеви“.
Кандидатот за градоначалник Отфрид Бест од анти-бегалската партија НПД, се бори за кандидатура во Волкинген, близу до француската граница, учествувал во дебата. На дебата со другите кандидати, друг кандидат од сатиричната Деи Партеи, го прашал:
„Господине Бест, ме загрижува што во Волкинген многу куќни броеви се напишани со арапски цифри.
Како вие би се справиле со застрашувачката странска инфилтрација?“.
Публиката почнала да се смее на саркастичното прашање, но била изненадена кога Бест, инаку 60-годишен, одговорил сериозно:
„Само почекајте да станам градоначалник. Ќе го променам тоа. Тогаш ќе ги замениме со обични цифри“.
Во Германија, пратениците веќе два пати се обиделе да спречат НПД да има свои кандидати на изборите, но судот пресудил дека не се доволно голема закана за да бидат забранети.
Планираат да учествуваат и на федералните избори на крајот на месецот, но веројатно нема да успеат да го постигнат прагот од пет проценти, за да влезат во парламентот.