Центарот нови иницијативи за уметност и култура „Локомотива“ ја најавува „Радикално навивање“, втората претстава во рамки на „Перформанс платформа фестивал“ во режија на Зуфит Сајмон. Изведбата е закажана на 21 мај мај со почеток од 20:00 во Mладинскиот културен центар – Скопје .
Телесниот отпор и кореографските протести во јавните простори станаа ефективни и моќни средства за мирни демонстрации во капиталистичките демократии. Развиени од страна на квир феминистичките активисти во 1990- тите , т.н. ‘радикално навивање’ комбинира ненасилни, директни акции со театарски елементи. Навивањето е добро познато во форма на организирани навивачки групи на спортски натпревари. Креаторите на оваа изведба ги користат и субвертираат кодовите на навивањето да ги пренесат своите пораки. Гламурот, сјајот и миксот од различни слогани се компоненти на оваа радосна, сатирично – алтернативна форма на милитантните форми на протест. Со жестокост, прецизност и хумор, на хетерогениот ансамбл предводен од страна на кореографот Зуфит Сајмон (Zufit Simon), кој исто така се појавува на сцената, го поставува прашање за што е вредно да се излезе на улица“, се вели во најавата.
Влезот е слободен. Поради ограничениот број седишта место може да се резервира на е-адресата: lokomotivaskopje2015@gmail.com. Претставата е наменета за публика над 16 години.
Уметничка режија, кореографија: Зуфит Сajмон (Zufit Simon)
Танц, креација: Дорота Мичалак (Dorota Michalak), Ерика Лео/Софи Принс (Erika Leo/Sophie Prins), Сунајана Шети (Sunayana Shetty), Кери Шиу (Cary Shiu), Зуфит Сајмон (Zufit Simon)
Звук: Фредрик Олофсон (Frederik Olofsson)
Дизајн на осветлување: JOM
Костим: Мирела Оестрајкер (Mirella Oestreicher)
Надворешно око: Клариса Рего (Clarissa Rêgo), Мориц Гагерн (Moritz Gagern)
Продукциски менаџер: Дитрих Оберландер (Dietrich Oberlander)
Односи со јавност: Бит Зелер (Beate Zeller)
Времетраење : приближно 70 минути
Фотографирање и видео снимки за време на перформансот не се дозволени.
Зуфит Сајмон e изведувачка и кореографка, родена во Израел, завршила средно училиште за танц и студирал современ танц на Универзитетот за музика и изведувачки уметности (HfMDK) во Франкфурт на Мајна. Нејзините дела биле прикажани на национални и меѓународни фестивали, како во Италија, Австрија, Танзанија, Чешка, Полска и Франција.
Оваа претстава во рамки на фестивалот ППФ е во соработка со фестивалите Антистатик од Софија и Конденз од Белград. Претставата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Гете-Институтот од Скопје.