Во четврток (10 април) стартува новото македонско интернет радиото „Radio Mash” како платформа за промовирање на модерната музика во Скопје , но и за промовирање на скопските диџеите.
Радиото покрај музичката програма ќе нуди и целодневни ‘takeover’, додека од страна на диџеј екипите кои ќе настапуваат во жив0 ќе се архивираат миксовите за сите што не биле во можност да ја следат програмата. Како што најавуваат од ова интернет радио, кога нема да има takeover, ќе има жанровски поделена музика, но без класични емисии.
За првиот takeover диџеј сетови ќе понудат: lowdown, Tanimed, Ulterior, Viktor Apostolski и Puk’kah.
Емисијата ќе се емитува на стандардната online радио адреса mashradio.net, како и на youtube stream каде што се најавува и видео.