Радио МОФ распишува конкурс за слободно работно место на позицијата новинар, со полно работно време. Кандидатите треба имаат завршено високо образование, да имаат најмалку пет години искуство во работа во медиум.
Потребно е одлично познавање на англискиот јазик, веб-новинарството и функционирањето на социјалните мрежи. Предност ќе имаат пријавените кои имаат работено истражувачки стории и имаат практично искуство/напредни вештини во користење фото/видео опрема и софтвер за мултимедијална обработка. Како предност ќе се смета и претходно искуство во радио или држење новинарски работилници.
Радио МОФ бара новинар кој ги познава професионалните и етичките новинарски стандарди, сака тимска работа и има интерес за покривање широк спектар на младински и граѓански теми.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и 3 објавени текстови/аудио/видео прилози, на е-пошта stefan_aleksik
Краен рок за аплицирање е недела, 22 мај. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани од Радио МОФ.
Поведени од фактот дека е ограничен просторот во кој младите можат да се изразат, креираме медиум кој е отворена станица за промоција на младинската, културната и креативната заедница.
Радио МОФ е алтернативен онлајн медиум кој преку продукција на независни и објективни програмски содржини, водени токму од млади автори, ќе се обиде да понуди квалитет, диверзитет и етичност во младинското информирање, со цел да се развијат дискусии кои ќе бидат од корист за младата генерација.
Нашата целна публика се сите млади луѓе и сите граѓани чиј интерес е да бидат информирани за статусот на младите во општеството и кои сакаат негово подобрување.