Летниот музички фестивал „Turtle Fest“ годинава по осми пат е домаќин на бројни настапувачи од целиот свет.
Настаните ќе се одржуваат од 26 до 28 јули во приморското село Дерми во Албанија, каде ќе настапат 45 артисти на три различни сцени.
Како главни изведувачи се најавени Sebastien Leger, Hito, Gus Gus, но и македонската диџејка Ивана Драгшиќ.
Стандардните билети за настанот чинат околу 2.000 денари и тие можат да се купат на веб-страницата на фестивалот.
Повеќе информации за фестивалските денови на следниот ЛИНК или преку Инстаграм профилот на Радио МОФ.