Metamorphosis
1. A transformation, as by magic or sorcery.
2. A marked change in appearance, character, condition, or function.
3. Biology A change in the form and often habits of an animal during normal development after the embryonic stage. Metamorphosis includes, in insects, the transformation of a maggot into an adult fly and a caterpillar into a butterfly and, in amphibians, the changing of a tadpole into a frog.
4. Pathology A usually degenerative change in the structure of a particular body tissue.
Нешто слично на дефинициите што ги прочитавте ќе најдете во повеќето речници, ако го барате терминот „метаморфоза”. Претставата која вчера ја гледавме можеби и подобро од дефинициите во речниците ни покажа што значи една таква трансформација. Во серија на кратки акти, актерите од Југословенско драмско позориште ги менуваа ликовите, сцената и приказните. Во еден момент беа луѓе, со свој карактер и волја , за веднаш потоа да се претворат во камен, во река или во некое диво животно кое бега за својот живот.
Дејствата кои се одигруваа пред нас се црпени од опус магнумот на Овидиј, Метаморфози, од каде и доаѓа насловот на претставата. Не е ништо чудно што и содржински се во фокус метаморфозите, промените кои настануваат кај хероите во одредени моменти, казните за гревовите на грешниците. Сепак, една друга тема посуптилно се провлекува низ делото – љубовта, или страста, се појавува во секоја приказна – привлечна или одбивна, посакувана или замразена. Тоа не значи дека ликовите се обоени само во едно светло. Напротив, се препознава трудот кој е вложен за да се објаснат нивните постапки, тие не се сведени само на права линија од почетокот до крајот на нивната улога. Нивните мотивации се сложени, а нивните дела често проследени со каење или двоумење, како и што е нормално за луѓето. Сцената, пак, се менува и расте по секоја раскажана приказна. Нишка по нишка, таа се гради од ликовите, расте и се менува, за на крај од неа да се роди нешто сосема различно од тоа што претходно постоело. Токму таму се наоѓа и вредноста на метаморфозата.
Ние бевме пријатно изненадени од леснотијата и шеговитоста со која актерите ги одиграа некои од помрачните реплики. Наместо да се создава тежина и тензија, ликовите внесоа насмевки и смеа таму каде тоа најмалку се очекуваше. Сметаме дека ваквиот контраст ни дозволи поцелосно и без непотребно форсирање на атмосфера да ги согледаме квалитетите на приказните.
Александар Поповски, режисерот на оваа представа, не само што покажа дека добро знае што се Метаморфози, а нас и публиката не мотивираше да ги побараме и надвор од сцената, во себе.
Атанас Димитров