Radiohead е групата што има најголемо влијание врз денешната генерација, во изборот на магазинот NME, кој направи листа на 100-те највлијателни бендови и артисти во музичкиот свет во овој момент.
„Слично како што The Beatles ги отелотворија 60-те, Thom Yorke е артистот кој најчисто го отсликува нашето време. „OK Computer“ и „Kid A“ ги поставија темелите на музиката на 21-от век, која не се грижи за ограничувачките жанровски стеги, туку очекува истражувачко експериментирање од артистите, како стандард“, се вели во објаснувањето на изборот на врвот на листата, која е објавена во изданието на NME од овој викенд.
На врвот на листата на највлијателните музичари на денешнината се и (од 2 до 10 место): David Bowie, The White Stripes, Kanye West, The Strokes, The Flaming Lips, The Gun Club, Kate Bush, Nick Kave и The xx.
Според уредниците на NME, на листата не се вклучени групите од 60-те и 70-те, кои често се сметаат за највлијателни во историјата, како The Beatles, Deep Purple или Led Zeppelin. Ова треба да им даде на музичките фанови претстава за тоа кои артисти ја инспирираат новата генерација. Паралелно со овој избор, NМЕ организира и гласање преку кое фановите можат самите да ги изберат навлијателните денешни музичари.
Погледнете кои други артисти се најдоа на листата, од 100-то до 50-то место и од 50-тото до врвот.