Најновото дело на Бенкси ja обработува scenata „Раѓањето на Исус“ и е откриено во хотел во Витлеем. „Лузната на Витлеем“ („Scar of Bethlehem“) е обработка на сцената со Богородица, Јосиф и бебето Исус, но наместо ѕвезда, над креветчето има огромна дупка од куршум низ бетонскиот сив ѕид.
Делото се појавило во хотелот „Walled Off“, хотел за чие отворање помогна и Бенкси. „Walled Off“ има поглед кон граничниот ѕид на поделениот град. Отворен пред две години, хотелот е познат по „најлошиот поглед од сите хотели на светот“ и е исполнет со оригинални уметнички дела на Бенкси.
На бетонските блокови од кој е составен ѕидот, во графити стил се испишани зборовите „љубов“ и „мир“ на француски и англиски, додека три завиткани подароци стојат на почетокот на сцената.
„Ова е сцената на раѓањето на Исус“ – соопштил менаџерот на хотелот, Висам Салса, додека делото било инсталирано. „Бенкси овојпат има удел и во Божиќ“ – додал тој. Ова е одличен начин да се прикаже приказната за Витлеем, божиќната приказна, на различен начин што ќе ги натера луѓето да размислат како палестинците живеат во Витлеем.
Најпознатата соба во хотелот е собата бр. 3, позната и како „Собата на Бенкси“, во која гостите спијат на кревет над дело на Бенкси, кое прикажува како палестинец и израелец имаат борба со перници.
Израел почна да ја гради поделбената бариера- дел од бетон, дел од други материјали, во 2002 за време на палестинското востание односно „Интифада“. Според Израел, ѕидот е изграден за да се спречат напади, но палестинците сметаат дека ѕидот ги одделува од Ерусалим.
Бенкси е познат по политички ставови во неговите графити и има свои претходни дела изложено на палестински територии. Во тајна посета, тој нацрта девојка која го надлетува ѕидот со помош на балони, а се верува дека има влезено во појасот Газа за да нацрта четири улични мурали.
Идентитетот на најпознатиот графити уметник сѐ уште не е познат и тој не присуствуваше на претставувањето на новото уметничко дело.
„Бенкси сака да биде гласот на оние кои не смеат да зборуваат“ – вели Салса, додавајќи дека Бенкси создава нов модел на отпор преку уметноста“.