Шест години по издавањето на „Liebe ist für alle da“, познатата германска метал група Rammstein работи на нов албум.
Бендот неколку години беше на креативна пауза зафатен со концерти и соло проекти на дел од членовите.
Пејачот Тил Линдеман потврди дека навистина се подготвува нов албум.
„Почнуваме да работиме на продукцијата во септември. Нормално, кај нас тој процес трае најмалку 2 години. Сепак, почетокот е дефинитивно закажан за септември“, изјави Линдеман.
Доколку сé тече според планот, новиот албум на Rammstein ќе биде готов до 2017 година.