Рангирање: Кои се најдобрите слушалки за слушање музика

Додека Dr. Dre тврди дека луѓето „не ја слушаат целосно музиката“, експертот за звук Бен Тејлор за Time истакнува проблемот е во тоа што многумина не знаат да ги изберат вистинските слушалки. Денес аудио индустријата е презаситена со маркетинг, но и бројни брендови помеѓу кои тешко се прави изборот. Проблемот, посочува Тејлор е тоа што се купува според брендот, а не поради аудио искуството што слушателот сака да го добие.

слушалки

Со цел да им се помогне на оние што сакаат да слушаат музика,  Time направи листа со индекси кои покажуваат кои слушалки се најдобри, а за кои не треба да се трошат пари. Анализирани се перформансите на повеќе од 3000 слушалки, од најевтините, па се најскапите. Листата е направена со удел од 75%  експертски искуства (од познавачите што работат за CNET, Wired, TechCrunch, What HiFi, Good Gear Guide, PC Mag), додека останатите 25% отпаѓаат на спецификите и можностите што одреден бренд слушалки ги нуди на конзументите.

Резултатите изненадија многумина, а од 18 брендови кои заслужија место во ова рангирање на крајот на листата се најдоа Plantronics (57), Beats by Dre (58) и Skullcandy (62). Првите места пак се отстапени за Klipsch (84), Grado (89) и лидерот во групата, брендот Shure со просечен резултат 90 за своите перформанси.

Целата листа објавена на  Time може да ја видите подолу: