#РаскажиМи: „Хронологија на разочарувањето“ од Душко Гошевски

Овој пат во рубриката #РаскажиМи го читаме расказот „Хронологија на разочарувањето“ од Душко Гошевски. Расказот е дел од збирката неговата дебитантска збирка „Писателот Варски и други раскази“ .

Збирката е објавена од страна на издавачката куќа „Темплум“ во 2008 година и е достапна за бесплатно преземање.

Хронологија на разочарувањето

Една од најголемите вештини на човекот е прикривањето на разочарувањето. Голема бедотија на совеста. Го потиснуваме толку длабоко, на толку непристапно место и самите забораваме на него. Или се трудиме. Непријатноста е уште поголема ако разочарувањето е од некој близок.

Тоа не е психичка болка, тоа е психичка тортура. Шамарање на надежта, раскринкување на стабилната мисла.
Придружен елемент?
Глумата. Лоша глума пред сѐ. Киселите насмевки, пренасиленото смеење.
Потоа доаѓа утехата. Многу лош лексилиум. Со многу кратко дејство.
Совет?
Има лек за лош мамурлак?
Е па нема ни за ова.

***

Радио МОФ почна со рубриката #РаскажиМи, каде секој петок објавуваме по еден расказ на македонски јазик. Со рубриката целиме да промовираме домашни и странски автори кои пишуваат, односно се преведени на нашиот мајчин јазик. Истовремено, сакаме да придонесеме во популаризацијата на прозата на македонски јазик.

Сите заинтересирани за објавување на свој расказ во рубриката #РаскажиМи своите дела може да ни ги испратат на info@radiomof.mk, заедно со куса биографија. Расказите и преводите треба да бидат на македонски јазик.