Овојпат во рубриката #РаскажиМи го читаме краткиот расказ „Љубов“ од Сара Радовановиќ.
Расказот беше напишан од Сара на работилницата за креативно пишување за млади – „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“, инспириран од цртежот „Висока црна фигура со црна коса и мала фигура со портокалова коса, на плажа, со водени бои“ на учесничката Маша Блажева. Цртежот на Маша е генериран со помош на вештачка интелигенција, преку употреба на кирилски формули.
Цртежите на книжевните ликови генерирани со вештачката интелигенција и расказите напишани за нив од страна на учесничките, се собрани во големата книга „FEMZINE“ изработена од уметникот Јован Јосифовски.
Љубов
Прошетките на блиската плажа со мојата најдобра другарка Теа, е едно од најубавите нешта на светов. Овие прошетки ни беа речиси како ритуал, се случуваа секој вторник во неделата. Најчесто се задлабочувавме во нашите разговори до ниедно време, сѐ додека не се појавеше месечевата светлина.
Но, овој вторник беше различен од другите. Јас и Теа се упативме кон плажата. Сѐ се случуваше нормално, како и секој пат, но денес можев да видам нешто.
Во далечината се издвојуваше висока, црна силуета. Изгледаше застрашувачки. Но, мојата заинтересираност беше посилна од мене. Решив да пријдам. Кога се доближив видов дека тоа е всушност човек, маж со црна, долга коса, која го прикриваше неговото нежно и бело лице.
Во тој момент не бев исплашена, туку напротив, како да имав пеперутки во стомакот. Сите беа посеани со сјај. Ова чувство ми беше непознато. За прв пат во мојот живот се запознав со чувството што некои го нарекуваат – љубов. За жал, немав срце да му пријдам и да се претставам. Од тој вторник не го видов на нашата плажа, но до ден денес, после две години, сѐ уште размислувам на тој момент.
Петочната рубрика #РаскажиМи го промовира македонскиот јазик и современата фикција преку домашни и странски автори кои пишуваат или се преведени на мајчин јазик.
Заинтересираните за објавување на свој расказ во рубриката #РаскажиМи свои дела може да пратат на info@radiomof.mk, со куса биографија.