Овој пат во рубриката #РаскажиМи објавуваме македонски божиќен филм од твитер корисникот @therealpsmst.
Овој твитер корисник минатата година направи вистински „бум“, кога на својот профил започна да објавува македонски божиќни филмови. @therealpsmst локално ги сместува дејствата слични на препознатливите божиќни филмови од „Халмарк“, а по ново и „Нетфликс“. Минатата година тој ги објави сценаријата за филмовите „Божиќ во Крушево“, „Божиќно писмо“, „Дома за Божиќ“, а на почетокот на декември оваа година го објави и „Божиќен филм #4“. Сценаријата за филмови тој ги објавува во форма на твитер нишки.
Во продолжение, прочитајте го „Македонски божиќен филм #5“, објавен во својата автентична форма.
Македонски божиќен филм #5
Телевизорот пуштен, кога таму, македонски божиќен филм, #5.
Credits start to roll.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
При крајот на разговорот луѓето почнуваат да честитаат празници, но Дејан тука само формално се смешка. Како што ќе дознаеме во неколкуте минути што следат тој баш не е фан на Нова година.
Како што излегува од судот и почнува да разговара на телефон, дознаваме две работи.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
2. Дека ич не сака празници. Во разговор со некој негов пријател вели нешто као „знаеш дека мислам дека е тоа губење време“ или „дедо мраз кој уште верува во тие глупости“.
Последново го кажува како што поминува покрај некој дедо мраз на ул. Македонија. Одмавнува кисело.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Телефонот му ѕвони. Viber групата од работа има известување дека се собираат во канцеларија пред луѓе да се разодитат за зимски одмори. Плаќа и излегува. Келнерот му довикнува среќна нова, ама овој воопшто не реагира.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Како што сите опуштено разговараат, влегува главниот партнер и веднаш пред сите му честита на Дејан, каква успешна година колеги, и тоа на крај со значајна победа за Петар (да речеме). Знаете дека Петар ни е еден од најважните клиенти.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
(Каде во Дебрца? Не знам. Гледачите можеби забележале дека кога одиш накај Охрид од Скопје има знак за добредојде во Дебрца, ама што точно има таму? Сигурно има некои села. Дефинитивно има знаци што покажуваат на села — епа некое село таму.)
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Не сакам да наредувам, но доброволецот може да оди со службената кола и се разбира сѐ е платено. Има екстра бонус од клиентот бидејќи и тој знае кој дел од годината сме. Но и најстар клиент ни е и треба да му помогнеме.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Совршена можност, ем да се прикаже во уште подобро светло пред шефот, ем да избегне новогодишна прослава што не ја сака со домашните.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Следното утро Дејан вози со службеноит — да речеме пасат? (Не се разбирам во коли, лимузина некоја.) Почнува да врне снег после Гостивар, но не премногу страшно.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Ееееј немате жмигавци во Скопје му довикнува таа низ отворениот прозорец. Дејан свири неколку секунди изнервирано.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Дејан подзастанува и излегува од колата. Низ отворениот прозорец Мирјана му довикува: – Адвокатот од Скопје? Чичко Стево те чека! Право до каде што се рачва патот и остави ја колата таму. Ќе одиме нагоре со џипов. (Може ли дачија стварно да цепа нагоре низ планина? Ваљда а?)
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Неколку минути подоцна се возат во џипот и Дејан прашува: – а ти, ти работиш кај…. хмм па јас всушност не знам како се вика клиентот.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Дејан се насмевнува повеќе по протокол, отколку што му е интересно. По кратко возење по брдата стигнуваат до куќата на Стево.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
На влезната врата ги пречекува Стево. Тој исто така не изгледа како некој што би водел успешен бизнис, или барем не таков со каков што вообичаено си имаат работаво канцеларијата каде што Дејан работи.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
– „Сега е веќе доцна за работа“ – продолжува Стево. „Ручекот ќе биде за кратко, ти можеш да се сместиш во собата нагоре по скалите“.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
– „Глупости“ – одговара Стево.
Додека тече овој разговор Мирјана е ангажирана. Нешто клика во телефон/таблет.– „Чичко Стево“ – се вклучува – „мислам дека треба да го видиш ова…“
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Дејан се сместува во собата и повторно слегува долу. Но таму веќе не се Мирјана и Стево. Го отвара лаптопот и ги гледа податоците што ги има за фирмата на Стево. Високи бројки. Гледа низ прозороцерт и не може да сфати како од тој имот пред него се прави таков обрт.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Се враќаат назад, и ако ова што сега се случи не му беше доволно сомнително на Дејан, ручекот дефинитивно му отвара повеќе прашања. Додека јадењето делува вообичаено (колбаси, праз?) Стево тура црвено вино кое дефинитивно не може да се набави ни во најскапиот ресторан во Скопје
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Во собата влегува Мирјана, гласно, уште во полна опрема. Му прави 👍 на Стево.
– „Пак сме под полна пареа.“
Стево клима со главата.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
„Па“, вели Дејан, – „може ли барем да ми кажете нешто повеќе за тоа што треба да работиме?“
Стево си шмркнува од виното.
„Имаме некои договори…“
Си шмркнува пак
„И некои производствени процеси што треба да ги заштитиме.“
„Но сето тоа утре“, брзо продолжува Стево.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Стево се повлекува во дневната соба и почнува да пуши некое луле и можеби да чита весник.
Дејан го следи со виното.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Операцијата е тајна, се разбира. Меѓу „вработените“ има и џуџуња кои се од главниот тим на Дедо Мраз и тука се да помагаат, држат работи под надзор и се грижат дека сѐ е по стандардите пропишани на северниот пол.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Има мапа и станува очигледно дека Дедо Мраз всушност има вакви „работилници“ на многу места низ светот за да може да обезбеди навремена дистрибувција на играчки. Меѓу нив и ова во Дебрца.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Или пак дека таму и таму (некаде на југ) малку доцнат бидејќи шефот џуџе се разболел од многу топло време, а е навикнат на севернополски температури. Воглавно сето ова служи за да се добие осет за операцијата што ја води Стево, но и за потребата од тајност што го голицка Дејан.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Овој пат се приближува до нешто што повеќе личи на магацин. Но кога е веќе спремен да ѕирне, наслушнува могу чекори. Ја отвара вратата но внатре нема никој. Просторот е исполнет со многу кутии. Тргнува да отвори една но наднаш добива топка снег во врат.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
– „Ако сакаш да помогнеш“ – продолжува таа, „треба да да накитиме неколку елки покрај патеката пред куќата“.
Ова уште повеќе го збунува Дејан (као кој кити неколк уелки во село?), но фатен е во небрано и одлучува да се придружи.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
… ех немај гајле. Ќе имаш работа утре доволно. Што точно произведува фирмата на чичко Стево? Ќе ти објасни тој утре.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Нешто подоцна, Мирјана и Стево разговараат долу.
– Баш е љубопитен, два пати оди да види што има во другите објекти.
– Не смее ништо да збори. А и Митко ќе го подбере ако треба.
– Но, ќе му кажеш?
– Да, мора да знае што работиме за да може вистински да помогне. А сега легни си.— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Стево го погледнува. – „Најблиската продавница ти е во Кичево (ваљда), а патот секако е затрупан.“
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
– „Па да работиме а?“ – довикнува Стево.
– „Да да.“ – се сепнува Дејан.— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
– „Порано беше полесно, човек со збор се врзува, сега со младиве, мора некако тоа со договор, да знаат на што се обврзани. А многу вработени ни одат во пензија сега од старите генерации и имаме наплив на нови луѓе…“
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Кога се при крај со состанокот Стево му предлага на Дејан, но повеќе како да наредува, да оди да и помогне на Мирјана да ги докити елките покрај патеката.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Целиот тој неврзан муабет прави еден мини романтичен момент меѓу двајцата, но се разбира, ништо посебно не се случува. Но, тие се забавуваат заедно со китењето и воглавно добро си поминуваат.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Кога се симнува повторно долу за ручекот, Стево како да има порачано објаснување. -Си најде ли работи за бричење? Еден колега што доаѓаше со џип го замолив да ти донесе. Но Дејан е прилично сигурен дека не виде или барем дека не чу џип да паркира кај куќата утрото додека работеа.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Некој чука на вратата. Стево отвара и разговара нешто. Разговара со џуџе. Свртен е некако надолу. Дејан забележува дака нешто не штима. Стево влегува назад зема јакна и вели: – Мирјана беше, има проблем на лентата. Дејан нема време ни да рече било што, а тој веќе излегува.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Дејан одговара дека не знае. И потоа веднаш излегува по Мирјана. Гледа каде се упатува таа, и оди кон друг објект. Влегува и внатре и гледа една производна сала, со џуџиња, новогодишни подароци и што ти знам јас што. Шокиран е во најмала рака.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
– И го води надвор, а потоа работата продолжува слушаме како машините се рестартираат, а тие влегуваат во куќата. Надвор веќе се стемнило. Светат само елките што ги китеа со Мирјана.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
„Види, момче“, одговара Стево, – „ние сме подржуница на …“ – и Стево е свесен како ова ќе звучи – “ … на Дедо Мраз. Уште од некаде 1961 година кога почнавме, и кога му требаше еден вид попатна станица за овој дел од светот“.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
„Јас треба да одам во пензија, а Мими, Мими ќе ме наследи. Таа ми е внука. А Митко не случајно те прати тебе овде. Ти мислиш дека волонтираше за да дојдеш, но тој така го срочи прашањето за само ти да се пријавиш, бидејќи во тебе има најголема доверба …
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
„И тој ќе оди во пензија наскоро.“
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
И тргнува да си оди. Излегува надвор, но сфаќа дека колата му е всушност долу. Па продолжува пешки. Ноќе е и светата само украсите на елки и на некои куќи. Долу, колата е затрпана со снег. Доаѓа и пробува да отклучи но не му успева. Клоца по гумите од бес.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Дејан е зачуден. Што прави неговиот шеф овде? – „Влези“, вели Митко, „ќе измрзнеш.“
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Дејан го гледа зачудено. – „Зар тоа е вистина?“
– „О да. И да решиш дека не сакаш ншто повеќе со овој клиент, тоа нема да ја смени вистината“.
Стигнуваат назад кај Стево, и таму веќе ги чекаат надвор Стево и Мирјана.
– Миткооо!
– Стевооо!
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Часот е веќе 8 или можеби 9 навечер.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
На Дејан не му се верува. Дали ова *навистина* се случува?
Се разбира на екранте не гледаме ништо посебно. Некоја санка и некоја силуета. Маѓијата мора да се зачува.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Мирјана го буцка Дејан со лакт. Тивко. – „А сега ти се верува?“ Дејан е вчудоневиден.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
„Добро е момче“ – одговара Стево. „Малкумина веруваат од прва, но важно е што потоа, и не мислам само на адвокатксиот кодекс“.
Потоа Стево и Митко одат да си помуабетат и напијат уште една чаша вино, а Миријана и Дејан остануваат сами.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
– „Ионака не можам никаде додека е колата затрупана“ – сака да се пошегува Дејан.
Разговорот е пријателски и иако не гледам бакнеш, некако знаеме дека ако не до Божиќ тогаш до Василица сигурно ќе се бакнат.— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021
Како што камерата излегува надвор од куќата кон украсениот новогодиен пејсаж, силуетата на Дедо Мраз прелетува преку ридовите на Дебрца.
Хо хо хо. Се слуша ехото.
— elverdaderopesimista (@therealpsmst) December 30, 2021