Овојпат преку понеделничката рубрика #ИнстаПоезија во #РаскажиМи ја објавуваме песната „Самовила“ од Анастасија Василева.
Песната беше напишана од Анастасија на работилницата за креативно пишување за млади – „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“, инспириран од цртежот „Црна самовила со рог од еднорог на црвена позадина во стил на југословенска графика“ на менторките Ивана и Марија. Цртежот на Ивана и Марија е генериран со помош на вештачка интелигенција, преку употреба на кирилски формули.
Цртежите на книжевните ликови генерирани со вештачката интелигенција и расказите напишани за нив од страна на учесничките, се собрани во големата книга „FEMZINE“ изработена од уметникот Јован Јосифовски.
Самовила
Ти да спиеш, а јас
да те бакнам
нежно на образот.
.Толку.
Петочната рубрика #РаскажиМи го промовира македонскиот јазик и современата фикција преку домашни и странски автори кои пишуваат или се преведени на мајчин јазик.
Заинтересираните за објавување на свој расказ во рубриката #РаскажиМи свои дела може да пратат на info@radiomof.mk, со куса биографија.