Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2024 година, кој ќе трае од 15 декември до 15 јануари 2025 година. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2024 година.
Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) секој работен ден од 12 до 20 часот или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје. Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата romannagodinata@gmail.com
Наградата „Роман на годината“ се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Одлуката за добитникот на наградата петчлената жири-комисија е обврзана да ја донесе најдоцна до 15 март следната година и да ја објави на прес-конференција. Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава ќе се додели 26-ти пат.
Романот „Единствен матичен број“ на Лидија Димковска („Три“, 2023) е лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2023 година.
Аудио-интервју со Лидија Димковска, авторка на „Единствен матичен број“ кој е Роман на годината 2023