Расправа: Џабе ветувања и планови, ако нема добар буџет за загадувањето

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Разни планови, ветувања, обвинувања, политички препукувања и лицитирање со бројки и податоци беа кажани во првите два часа од денешната Јавна расправа за загадувањето во Собранието. Дури потоа зборуваа еко-активисти. Наместо репризно вртење во круг и бесконечни расправии за тоа „кој е крив што е волку загадено“, граѓанските организации побараа стратегија, широк инстутитуционален пристап, но и соодветно буџетирање во животната средина, без кое паѓаат во вода сите ветувања за мерки.

    Пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека е скандалозно само 750.000 евра од, според него, досега најголемиот буџет во историјата на РМ, да се одвојат на борба против амбиенталниот воздух.

    Истовремено, рече тој, Македонија е најзагадена земја во Европа, додека трошењата за стоки и услуги се зголемени за 200 милиони евра, и сега ќе изнесуваат 750 милиони евра, а 3,7 милиони одат за нови возила за институциите.

    „Борбата против загадувањето се редуцираше само на 18 мерни станици, министерот за екологија со месеци и години не дал изјава, а Куманово, Скопје и Тетово и натаму остануваат најзагадени градови во земјав”, рече Ѓорчев.

    Министерот Садула Дураки не беше присутен, па заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули, рече дека е штетно да се создава паника меѓу населението во однос на загадувањето. Го посочи примерот од неодамна кога мерната станица во Ѓорче Петров покажувала 1.990 ПМ честички на метар кубен, што очигледно како што рече, се работи за грешка.

    „Толку високи мерења при таква временска дистанца се сигурна грешка или статистички нерелевантни. На 2.000 микрограми при метар кубен, нема да шетаат живи луѓе наоколу. Кој е тој што и го отвора патот на паника во Македонија. Нам не ни е потребна паника меѓу населението. Не постои земја-членка на ЕУ што користи нискобуџетни сензори за државно мерење и градење политика, и затоа се скапи“, рече тој, потенцирајќи дека не бара алиби за загадувањето кое е очигледно, туку заеднички пристап во делувањето.

    Според него, годишно се трошат 1,1 милиони кубни метри дрва за затоплување во земјата. Понатаму, нагласи, Буџетот во Министерството од 393 милиони на крајот на 2016 година, сега изнесува 550 милиони евра, наменет за различни програми.

    Наведе некои точки од „Планот за чист воздух“, меѓу кои и 10.000 приклучоци на парно греење, 20.000 домаќинства да го сменат затоплувањето на еколошко, 15.000 нови садници, како и 1.700 садници во сите градинки во Скопје.

    „Борбата против загадувањето не трпи полулизам. Апелирам на заедничка акција и да се укаже на свеста на луѓето, дека начинот на загревање најмногу им штети на нивните деца. Затоа заедно да ги предложиме законите кои се строги, но кои носат решенија. Постојано ќе се борам за овој План, бидејќи е реален, кредибилен, изработен со академската заедница, а заедно со граѓанските организации ќе донесе резултат“, рече Макрадули.

    Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за кој медиумите денес пишуваа дека игра на телефонот додека пратеникот Ѓорчев зборува од говорница, напомена дека наследил запуштен град без концепт за решавање на загадувањето. Според него, 53 отсто од аерозагадувањето произлегува од неорганизираното затоплување на домаќиствата,  при што, како што рече, 70.000 се надвор од организираниот систем на греење, 22 отсто од загадувањето на воздухот е предизвикано од сообраќајот, додека останатото е индустриската и градежната активност.

    „Градот Скопје има обврска да спроведува инспекциски надзор на т.н. Б-загадувачи. Градот имаше само тројца инспектори кога дојдов лани, а сега има 17-18. Немаше инспекциски надзор во Скопје, се сведуваше на редари рекетари по кафулиња и кафани. Сега секој редар во град Скопје има ГПС каде се движи. Имаше 19 обезбедувачи и 11 возачи, и нормално со таков потенцијал градот не може да обезбеди механизам на надзор“, рече Шилегов.

    Напомена дека Градот подготвува 12 кривични пријави за диви отпади, а во изработка е и закон за комунална полиција.

    Во врска со еколошкото мапирање на возилата, и за обвинувањата дека со тоа ќе се загрозат граѓаните и нивното движење, рече дека во борбата против загадувањето ако не се направи општествен амбиент и да прифатиме дека секој од нас е дел од проблемот, и оти секој од нас мора да биде дел од решението, откажувајќи се од своите секојдневни навики, нема да успееме во таа борба и оти луѓето мора да сфатат дека мора да сменат дел од сопствените навики на живеење.

    Шилегов, за кандидатурата на Скопје за зелена престолнина, рече оти апликацијата мери 12 показатели – ублажување на климатски промени, приспособување на климатски промени, одржлива урбана мобилност, одржлива употреба на земјиште, природа и биодиверзитет, квалитет на воздух, бучава, отпад, зелени површини, еко иновации…

    „Стручната јавност во ЕК кажа дека Град Скопје има добра стратегија и оти е можно во 2021 година да ја освоиме таа награда“, рече Шилегов, додавајќи дека Скопје е прв град што поминал таков скрининг во Европската комисија.

    Стојан Лешоски од „Еко-свест“ потенцираше дека ги радува тоа што во Собрание конечно има јавна расправа. Го пренесе ставот од повеќе еколошки организации кои се сретнаа во Охрид и побараа институциите да покажат сериозност и одлучни чекори.

    „Македонија можеби го има најголемиот административен апарат по глава по жител во Европа. Време е сите тие тела, системски, да почнат да се справуваат со овој проблем кој ги засега сите. Министерството за животна средина не ги дава потребните резултати, ниту се понесува одговорност на ниту едно ниво. Ни се спроведува достојно меѓународната и национална законска регулатива. Министерството се насочува само на формата, а не и на суштината“ рече Лешоски.

    Одвојувањето на 1,5 милиони евра за справување со загадувањето во следните две години, според него во најмала рака е несериозно. Особено ако се земе само висината на еколошките такси кои се прибираат во централниот буџет и треба да се користат за оваа намена – 15 милиони евра во 2015 година.

    „Светската калкулација покажува дека за секоја една фунта инвестирана во зеленило, се заштедуваат седум фунти во здравствени услуги. Финансиски средства има, но каде се трошат е политичка одлука“, забележа Лешоски.

    За домаќинствата, нагласи дека таа група е најранлива и најтешка, затоа предлааат Закон за енергетска ефикасност и воведување на трајна законска забрана за користење јаглен за домаќинства и заострување на регулативата на палење на диви сметилишта, жетвени остатоци, но и гуми за загревање.

    „Градежниот сектор влијае со прашина и узурпација на јавен простор, затоа се неопходни најстроги мерки, инспекции, покачување на казни. На ниво на ДУП-ови мора да се престане со узурпација на јавните и зелени површини и нивна пренамена во градежни парцели. Општините мора да најдат друг начин на самофинансирање, кој нема да биде врзан со (комуналиите од) градежните објекти. Тоа решение може да биде зголемена наплата на данокот на имот. Индустријата претставува проблем, но мора редовно да се контролира и соодветно да се санкционира“, потенцираше тој.

    Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје ја потенцираше моќта на Собранието кон загадувањето. Односно, ако аерозагадувањето како интерсекторски проблем е болест, ако се постави дијагноза за неговите здравствени и еколошки параметри, тогаш „законодавниот дом и пратениците се најважниот терапевт кој нешто може да промени“.

    „Мерките за кој било екошки проблем може да ги групираме во три групи. Едните се легислативни, акциони и стратешки – вашата моќ, другите се инфраструктурни инвестиции на кои, исто така, вие треба да дадете одобрение, а третите се онаму каде треба да се вклучат и невладините – промена на навиките. Навиките во однос на индивидуално однесување и за креирање на политики, кој е паметен, кој е стручен, кој знае за аерозагадување… навиките треба да се менуваат. Политичарите не мора да бидат стручни за загадување, но мора да ги знаат тие што се стручни“, рече Ѓорѓев, потенцирајќи дека годишно од загадувањето умираат од 1200-1300 граѓани, па затоа е потребно не само инвестиции во инфраструктура, туку и во наука за загадувањето.

    Според активистката од „Еко-фемина“ од Пробиштип, Светлана Станојковска, поради загадувањето од тешката индустрија во градот, секој втор жител е заболен од некакво канцерогено заболување. Побара одговор од Владата зошто челичарницата дозволила сега да се гради, и покрај тоа што градбата била претходно забранета, за која откриле дека е оф шор фирма регистрирана на Девствените острови.

    „Ние немаме урбана мафија како Скопје, ама имаме Г1 загадувачка индустрија. Немаме софистициран мерен инструмент за да знаеме што не загадува, но знаеме колку тоа влијаело на нашето здравје по тоа што секој втор граѓанин е заболен од канцер. Значи половина од пробиштипските жители се овде во Скопје на онкологија. Тоа е резултат на Г1 загадувачката индустрија која ја имаме во Пробиштип. Имаме флотација во сред град, фабрика за акумулатори која има топилница за старо олово. Имаме челичарница која се гради, како и рудници за отворен коп на простор од два километри како се шири градот така се шири и индустријата и тоа високозагадувачката, рече Стојановска.

    Надњим Мехмети од тетовската „Еко-герила“ рече дека е важно загадувањето да не се гледа само низ призма на Скопје, туку и низ другите загадени градови во Македонија. Побара инспекторите за животна средина да имаат ингеренции слични на УЈП и по потреба да можат да дејствуваат со придружба на полиција и други служби.

    „Ако го земеме само аерозагадувањето во Тетово, тоа се намали за 60%. Пред неколку години имавме над 200 загадени денови годишно, сега се 86 по затворањето на ‘Југохром’. Но, локалната власт е пасивна во однос на сите други активности против загадувањето. Нема механизам за казнивост, одговорност кон општините доколку тие не се грижат за животната средина“, рече Мехмети.

    Татјана Чакулев од О2 Иницијатива потенцираше дека постои илегална депонија во областа Пеленица во Драчево со околу 8.000 тони линдан, што е многу поголема количина од онаа во помалата депонија во ОХИС. За да започне овој процес за да се отстрани линданот, постојат процедури и алатки, вели таа, но потребни се средства.

    „Треба да се одвојат средства и да се каже дека тоа е приоритет. Дека нареднава година ќе ги завршиме тие анализи, идентификација, за да и таа депонија се стави на листа (на решавање н.з.), покрај двете депонии во ОХИС. Линданот е исто така дел од аерозагадувањето и го дишеме. Од таа почва се расејува во воздухот. Загадена почва значи и загаден воздух. Не може да ги одвоите тие две нешта“, рече Чакулев, потенцирајќи на пратениците дека имаат голема улога во носење закони.

    „Законот за животна средина ќе треба да го ставите како приоритетен. Отстранувањето на линданот е поврзан со правилници без кои не може да се започне, ниту да се заврши тој процес. Во исто време, тука е и Законот за почва. Без нив, многу работи се закочени“, рече таа.

    Во однос на 1.5 милион евра одвоени за аерогазадување, потенцираше дека 20 милиони евра чини да се сменат постојните електростатски филтри и замена на вентилатори и канали за гасови во РЕК Битола. Тој процес за РЕК Битола, заедно со сите големи загадувачи, беше 1 април 2014. Поради струјата, се одложи првично до крај на 2017.

    „Потоа до 2019. Најново, сега во октомври, беше објавено дека одложувањето е до 2023 година. Постојано има пролонгирање, а причината зошто не се направи ова интегрирање – дека економски не е исплатливо. И, сега, ќе кажеме дека ‘парите не се важни’. Парите и тоа како се важни! 20 милиони евра чини да се стави филтер и конечно да биде затворен проблемот. За домаќинствата, доколку сакаме да го намалиме и тоа загадување за една третина, потребни се средства за инсталирање на топлински пумпи, инвертори, дефинитивно тука се и фотоволтаиците, иднината на Македонија, а не фосилните горива. Една третина од домаќинствата од старт може да се реши, за година дена, а целокупниот процес да чини 20-25 милиони евра. РЕК Битола и домаќинствата се некаде 40 милиони евра, што е пак фракција од она што се собира како данок од животна средина“, забележа Чакулев.

    Бојан Шашевски 

  • Debat:  Më kot premtime dhe plane, nëse nuk ka buxhet të mirë për ndotjen

    21/11/2018- LAJME, QYTETARË

    Planet e ndryshme, premtimet, akuzat, përplasjet politike dhe ankande me shifra dhe të dhëna u thanë gjatë dy orëve të para të Debatit të sotëm publik për ndotjen, në Kuvend. Më pas folën eko – aktivistët.  Në vend të vërtitemi në rreth me reprizë dhe të bëjmë debate pa fund në lidhje me atë “kush është fajtor që është kaq ndotur”, organizatat qytetare kërkuan strategji, qasje të gjerë institucionale, por edhe buxhet përkatës për mjedisin jetësor, pa të cilën bien në ujë të gjitha premtimet për masat.

    Deputeti Vllatko Gjorçev nga VMRO – DPMNE tha se është skandaloze që vetëm 750.000 euro nga, sipas tij, buxheti më i madh deri më tani në historinë e RM-së, të akordohen për luftën kundër ajrit të ndotur ambiental.

    Njëkohësisht, tha ai, Maqedonia është shteti më i ndotur në Evropë, ndërkaq shpenzimet për mallra dhe shërbime janë rritur për 200 milion euro, dhe tani do të jenë në vlerë prej 750 milion euro, ndërsa 3.7 milion shkojnë për automjete të reja për institucionet.

    “Lufta kundër ndotjes u reduktua në vetëm 18 stacione matëse, ministri i Ekologjisë me muaj dhe vite nuk ka dhënë deklaratë, ndërsa Kumanova, Shkupi dhe Tetova edhe më tej ngelin qytetet më të ndotura në vend”, tha Gjorçev.

    Ministri Sadulla Duraku nuk ishte i pranishëm, kështu që zëvendës ministri i mjedisit jetësor Jani Makraduli, tha se është e dëmshme të krijohet panik në mesin e popullatës në lidhje me ndotjen.  E përmendi shembullin e para disa kohe kur stacioni matës në Gjorçe Petrov ka treguar 1.990 PM grimca në metër kub, që evidente, siç tha, bëhet fjalë për gabim.

    “Matje kaq të lara në distancë të atillë kohore janë gabim i sigurt ose stilistikisht janë jo relevante.  Në rast të 2.000 mikrogram në metër kub nuk do të ketë njerëz të gjallë përreth. Kush është ai që ja hapi rrugën panikut në Maqedoni.  Ne nuk na nevojitet panik më mesin e popullatës.  Nuk ekziston vend – anëtar i BE-së që përdor sensor me buxhet të ulët për matjen shtetërore dhe ndërtimin e politikave, dhe prandaj janë të shtrenjta” tha ai, duke theksuar se nuk kërkon alibi për ndotjen që është evidente, por qasja e përbashkët ndaj veprimit.

    Sipas tij, në vit shpenzohen nga 1.1 milion kub metër dru për ngrohje në vendin tonë.  Më pas, theksoi, Buxheti i Ministrisë prej 393 milion në fund të vitit 2016, tani është 550 milion euro, i dedikuar për programe të ndryshme.

    Theksoi disa pika të “Planit për ajër të pastër”, ndër të cilat edhe 10.000 kyçje në ngrohjen qendrore, 20.000 ekonomi familjare të ndërrojnë ngrohjen me ngrohje ekologjike, 15.000 fidanë të rinj, si dhe 1.700 fidanë në të gjitha kopshtet në Shkup.

    “Lufta kundër ndotjes nuk duron populizëm.  Apeloj për veprim të përbashkët dhe të ngrihet vetëdija tek njerëzit se mënyra e ngrohjes më shumë i dëmton fëmijët e tyre.  Prandaj së bashku t’i propozojmë ligjet të cilat janë të rrepta, por të cilat japin zgjidhje.  Vazhdimisht do të luftoj për këtë Plan, sepse është real, kredibil, i punuar me komunitetin akademik, ndërkaq së bashku me organizatat civile do të japë rezultat”, tha Makraduli.

    Kryetari i komunës së Shkupit, Petre Shilegov, për të cilin mediat sot shkruanin se luan lojëra në telefon derisa deputeti Gjorçev flet në foltore, përmend se ka trashëguar qytet të shkatërruar pa koncept për zgjidhjen e problemit të ndotjes.  Sipas tj, 53 për qind e ndotjes së ajrit rezulton nga ngrohja e pa organizuar e ekonomive familjare, gjatë çka, 70.000 janë jashtë sistemit të organizuar për ngrohje qendrore, 22 për qind e ndotjes së ajrit shkaktohet nga komunikacioni, ndërsa pjesa tjetër është aktiviteti industrial dhe ndërtimor.

    “Qyteti Shkup ka obligim të zbatojë mbikëqyrje inspektuese për të ashtu quajturit  B- ndotës. Qyteti kishte vetëm tre inspektorë kur erdha vjet, ndërsa tani ka 17 – 18. Nuk kishte mbikëqyrje inspektuese në Shkup, gjithçka varej nga rojtarë shantazues nëpër kafene dhe kafeteri.  Tani çdo rojtar në qyteti Shkup ka GPS ku lëviz.  Ka pasur 19 sigurues dhe 11 automjete, dhe normalisht me potencial të tillë qyteti nuk mund të sigurojë mekanizëm të mbikëqyrjes”, tha Shilegov.

    Përmendi se Qyteti përgatit 12 kallëzime penale për deponi informale, ndërsa në përpilim e sipër është edhe Ligji për polici komunale.

    Në lidhje me mapimin ekologjik të automjeteve, dhe për akuzat se me këtë do të cenohen qytetarët dhe lëvizja e tyre, tha se në luftën kundër ndotjes nëse nuk formohet ambient shoqëror dhe të pranojmë se secili nga ne është pjesë e problemit, dhe se secili nga ne duhet të jetë pjesë e zgjidhjes, duke hequr dorë nga veset e veta të përditshme, nuk do të kemi sukses në këtë luftë dhe se njerëzit do të duhet të ndryshojnë një pjesë të shprehive të veta në mënyrën se si jetojnë.

    Shilegov, për kandidaturën e Shkupit si kryeqendër të gjelbër, tha se aplikimi mat 12 indikatorë – zbutjen e ndryshimeve klimatike, përshtatjen e ndryshimeve klimaterike, mobiliteti urban i qëndrueshëm, përdorim i qëndrueshëm i tokës, natyra dhe biodiversiteti, cilësia e ajrit, zhurma, mbetjet, sipërfaqe të gjelbra, eko inovacione…

    “Profesionistët e KE thanë se Qyteti Shkup ka strategji të mirë dhe se në vitin 2021 mund të fitojmë këtë shpërblim”, tha Shilegov, duke shtuar se Shkupi është qyteti i parë që ka kaluar një skrining të tillë në Komisionin Evropian.

    Stojan Leshoski nga “Eko – svest” theksoi se i gëzon fakti që në Kuvend përfundimisht ka debat publik.  E paraqiti qëndrimin e më shumë organizatave ekologjike, të cilat u takuan në Ohër dhe kërkuan institucionet të tregojnë seriozitet dhe hapa të vendosur.

    “Maqedonia ndoshta e ka aparatin më të madh administrativ për frymë banori në Evropë. Është koha që të gjitha trupat, në mënyrë sistemore të fillojnë të përballen me këtë problem i cili na prek të gjithëve. Ministri i Mjedisit Jetësor nuk i jep rezultatet e nevojshme, as që bart përgjegjësi në asnjë nivel.  As që zbatohet siç duhet rregullativa ligjore ndërkombëtare dhe nacionale.  Ministria fokusohet vetëm tek forma, por jo edhe tek esenca” tha Leshoski.

     

    Akordimi i 1.5 milion eurove për përballje me ndotjen gjatë dy viteve të fundit, sipas tij nuk është aspak serioze.  Në veçanti nëse merret parasysh vetëm lartësia e taksave ekologjike të cilat grumbullohen në buxhetin qendror dhe duhet të shfrytëzohen për këtë qëllim – 15 milion euro në vitin 2015.

    “Kalkulimi botëror tregon se për çdo një funtë të investuar në gjelbërim, kursehen shtatë funta në shërbime shëndetësore.  Mjete financiare ka, por ku shpenzohen është vendim politik”, tha Leshoski.

    Për ekonomitë familjare, theksoi se ky grup është me i cenueshmi dhe më i vështiri, prandaj propozojnë Ligj për efikasitet energjetik dhe vendosjen e ndalimit të përhershëm ligjor për shfrytëzimin e thëngjillit për ekonomitë familjare dhe ashpërsimin e rregullativës për djegien e vendeve ku hidhen mbeturinat, djegien e mbetjeve nga të korrurat por edhe goma për ngrohje.

    “Sektori i ndërtimtarisë ndikon me pluhurin dhe uzurpimin e sektorit publik, prandaj nevojiten masa të rrepta, inspektime, rritjen e dënimeve. Në nivel të PDU-ve duhet të ndërpritet uzurpimi i sipërfaqeve publike dhe ri dedikimi i tyre në parcela ndërtimore.  Komuna duhet të gjejë mënyra të tjera për vetëfinancim i cili nuk do të lidhet me (taksat komunale nga) objektet ndërtimore.  Kjo zgjidhje mund të jetë zmadhimi i tatimit mbi pronën.  Industria paraqet problem, por duhet rregullisht të kontrollohet dhe në mënyrë përkatëse të sanksionohet”, theksoi ai.

    Dragan Gjorgjev nga Instituti për Shëndet Publik e theksoi fuqinë e Kuvendit në drejtim të ndotjes.  Respektivisht, nëse ndotja e ajrit si problem intersektorial është sëmundje, nëse nuk vendoset diagnoza për parametrat e tij shëndetësor dhe ekologjik, atëherë “shtëpia ligjvënëse dhe deputetët janë terapisti më i rëndësishëm i cili mund të ndryshojë diçka”.

    “Masat për cilin do problem ekologjik mund ti grupojmë në tre grupe.  Njëra palë janë legjislative, aksione dhe strategjike – fuqia juaj, të tjerat janë investime infrastrukturore për të cilat, gjithashtu, ju duhet të jepni pëlqim, ndërsa të tretat janë atje ku duhet të përfshihen edhe organizatat joqeveritare – ndryshimin e shprehive  Shprehitë në lidhje me sjelljet individuale dhe për krijimin e politikave, kush është i mençur, kush është profesionist, kush di për ndotjen e ajrit… shprehitë duhet të ndryshohen.  Politikanët nuk duhet të jenë profesionist për ndotjen, por duhet t’i dinë ata që janë profesionist”, tha Gjorgjev, duke theksuar se në vit nga ndotja e ajrit vdesin nga 1200 – 1300 qytetarë, dhe prandaj duhen jo vetëm investime në infrastrukturë, por edhe në shkencë në lidhje me ndotjen.

    Sipas aktivistes nga “Eko – femina” nga Probishtip, Svetllana Stanojkovska, për shkak të ndotjes nga industria e rëndë në qytet, çdo banor i dytë është i sëmurë nga ndonjë sëmundje kancerogjene.  Kërkoi përgjigje nga Qeveria pse ka lejuar të ndërtohet tani shkritorja e çelikut, përskaj asaj që ndërtimi paraprakisht ka qenë i ndaluar, për të cilën është zbuluar se është of shop firmë e regjistruar në Ishujt e virgjër.

    “Ne nuk kemi mafie urbane si Shkupi, por kemi G1 industri ndotëse.  Nuk kemi instrument të sofistikuar për matje, për të ditur çfarë na ndot, por ama e dimë se sa kjo ndikon mbi shëndetin tonë në bazë të asaj që çdo i dyti qytetar është i sëmurë me kancer.  Domethënë gjysma e banorëve të Probishtipit janë këtu në Shkup në onkologji. Kjo si rezultat i G1 industrisë ndotëse të cilën e kemi në Probishtip.  Kemi flotacion në mes të qytetit, fabrika për akumulatorë e cila ka shkritore për plumb të vjetër.  Kemi shkritore çeliku e cila po ndërtohet, si dhe miniera për gërmim të hapur prej dy kilometra siç zgjerohet qyteti ashtu zgjerohet edhe industria dhe atë ajo që ndot shumë, tha Stojanovska.

    Nadnjim Memeti nga “Eko – grupi” – Tetovë, tha se është me rëndësi ndotja të mos shihet vetëm nëpërmjet prizmit të Shkupit, por edhe në qytetet të tjera të ndotura në Maqedoni.  Kërkoi inspektorët për mjedis jetësor të kenë ndërveprime të ngjashme me DHP dhe sipas nevojës të mund të veprojnë me shoqërim policor edhe shërbime të tjera.

    “Nëse e marrim vetëm ndotjen e ajrit në Tetove, ai është reduktuar për 60%. Para disa vite kishim mbi 200 ditë të ndotura në nivel vjetor, tani janë 86 pas mbylljes së Jugohromit. Por, pushteti lokal është pasiv në lidhje me të gjitha aktivitetet të tjera kundër ndotjes së ajrit.  Nuk ka mekanizëm për dënim, përgjegjësi ndaj komunave nëse ato nuk kujdesen për mjedisin jetësor”, tha Mehmeti.

    Tatjana Çakulev nga O2 Iniciativa theksoi se ekziston deponi ilegale në rajonin Pepellnica në Draçevë me rreth 8.000 ton lindan, që është sasi shumë më e madhe se ajo në deponinë në OHIS. Për të filluar ky proces për largimin e lindanit, ekzistojnë procedura dhe vegla thotë ajo, por nevojiten mjete.

    “Duhet të akordohen mjete dhe të thuhet se kjo është prioritet.  Se vitin e ardhshëm do t’i përfundojmë ato analiza, identifikimin, që edhe ajo deponi të vendoset në listën (e zgjidhjes) përpos dy deponitë në OHIS. Lindani gjithashtu është pjesë e ndotjes së ajrit që e thithim.  Nga ajo tokë përhapet në ajër.  Toka e ndotur do të thotë edhe ajër i ndotur. Nuk mund t’i veçojmë këto dy gjëra”, tha Çakulev, duke theksoi se deputetët kanë rol të madh në miratimin e ligjeve.

    “Ligji për mjedis jetësor do të duhet ta vendosni si prioritet.  Heqja e lindanit lidhet me rregullore pa të cilat nuk mund të fillohet, as të përfundohet procesi.  Njëkohësisht, këtu është edhe Ligji për tokën. Pa ta, shumë punë janë të frenuara”, tha ajo.

    Në lidhje me 1.5 milon euro të akorduara për ndotjen e ajrit, theksoi se 20 milion euro kushton të vendosen fitra elektrik dhe të zëvendësohen ventilatorët dhe kanalët e gazrave në TCE Manastir.  Ai proces për TCE Manastir, së bashku me të gjithë ndotësit e mëdhenj, ishte 1 prill 2014, Për shkak të rrymës, u prolongua fillimisht deri në fund të vitit 2017.

    “Pastaj deri në vitin 2019. Më e reja, tani në tetor, u publikua se prolongimi është deri në vitin 2023. Vazhdimisht ka prolongime, ndërsa shkaku pse nuk u bë ky intervenim – se ekonomikisht nuk është e leverdishme.  Dhe, tani, do të themi se “paratë nuk janë të rëndësishme”.  Paratë janë shumë të rëndësishme! 20 milion euro kushton të vendoset filtër dhe përfundimisht të mbyllet problemi.  Për ekonomitë familjare, nëse duam të reduktojmë edhe atë ndotje për një të tretën, nevojiten mjete për instalimin e pompave të ngrohjes, inventorë, përfundimisht këtu janë edhe fotovoltaikët, e ardhmja e Maqedonisë dhe jo karburantet nga fosilet.  Një e treta e ekonomive familjare që në start mund të zgjidhet, për një vit, ndërsa i gjithë procesi do të kushtojë 20 – 25 milion euro. TCE Manastir dhe ekonomitë familjare janë diku 40 milion euro, që përsëri është fraksion nga ajo që grumbullohet si tatim nga mjedisi jetësor”, tha Çakulev.

    Bojan Shashevski