Следете ги на Радио МОФ најновите информации за сите случувања за тековните протести поради пресудите за случајот „Монструм“
15: 10
Протестот заврши, демонстрантите се повлекоа кон Чаир. Полицијата полека го напушта реонот околу скопскиот суд.
14:50
Демонстрантите почнаа да се повлекуваат од Мавровка кон Бит Пазар. Во неколку наврати беа фрлани камења и дрва кон полицијата.
14:30
И покрај тензичната атмосфера и бројните предупредувања, протестите засега остануваат мирни и се преселија кај ТЦ. Мавровка. Демонстрантите скандираат „УЧК“ „УЧК“ и „Етничка Албанија“ и носат албански знамиња. Нема инциденти. Тие уште еднаш ги повторија своите барања – веднаш да бидат ослободени обвинетите во случајот „Монструм“, да бидат обештетени и прогласени за невини. Демонстрантите исто така бараат обвинителката Гордана Гешковска да даде отказ.
14:00
Демонстрантите се приближуваат кон полицијата извикувајќи „УЧК“, „УЧК“. Тензиите растат.
13: 45
По петочната молитва, голем број демонстранти веќе се собирани на Бит пазар, кај џамијата Јаја паша за најавените протести против пресудите за случајот „Монструм“. Како што јавува репортерката на Радио МОФ на теренот, полицијата во полна опрема и огромен број го обезбедува просторот кај факултетите и скопскиот суд. Во меѓувреме расте бројот на демонстранти.
Погледнете што во моментов се случува на теренот: