Во првата половина на 2022 година, Јужноафриканската Република регистрирала повеќе убиени носорози поради нивните рогови, објави Министерството за заштита на животната средина на земјата.
Во целата земја биле убиени уште десет носорози повеќе во споредба со првата половина од минатата година, со што вкупниот број на убиени носорози достигна 259.
Јужноафриканската Република е дом на околу половина од вкупната популација на загрозени црни носорози во Африка, а земјата е дом и на најголемата популација на бели носорози во светот.
Во светски познатиот национален парк Кругер, напорите за зачувување на носорозите и вниманието кога е во прашање криволовот се зголемени, што ги натера криволовците да се префрлат на лов во приватни паркови и во провинцијата Квазулу-Натал, покажаа податоците на министерството.
Крикет ѕвездата и заштитник на носорозите Кевин Питерсен рече дека податоците за зголемувањето на криволовот се „катастрофални“.
„Еден од африканската голема петорка ќе исчезне ако некако не ја запреме оваа сериозна ситуација“, рече Питерсен, мислејќи на петте најпознати африкански животни- носорогот, слонот, биволот, лавот и леопардот.