Апсолвентките од Катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“, вечерва, на 20 јули, организираат книжевен разговор за книгата „Млечни заби“ од Хана Корнети.
Со почеток во 20 и 30 часот, разговорот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“, каде ќе присуствува и Хана Корнети.
„Млечни заби“ е прва збирка на младата писателка, а настанот е од отворен карактер.
Корнети е родена во 1992 година во Скопје. Паралелно дипломирала философија и историја на Middle East Technical University, Анкара, а магистрирала Културолошки студии на универзитетот Сабанџи, Истанбул.
И Македонија и Турција ѝ се дома. Има напишано награден расказ од „Нова Македонија“ и наградена пиеса од Здружението на драмски писатели и сценаристи, додека неколку нејзини раскази се издадени во меѓународни електронски списанија.
Нејзиниот расказ „Ловец на соништа“ е прв пат објавен во нејзината збирка раскази „Млечни заби“, во издание на Или-Или.
Прочитајте го расказот кој воедно е објавен и во рамки на рубриката „РаскажиМи“ на Радио МОФ.