Под мотото „Различноста е во мода“, Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар започна кампања за унапредување на меѓукултурното разбирање во мултиетничките општини.
Кампањата ќе се спроведува во општините Тетово, Гостивар, Кичево, Брвеница, Јегуновце и Врапчиште. Помеѓу останатите активности, во рамки на кампањата е планирано да се креираат „Зони за меѓукултурно разбирање“ во училиштата, кафулињата, јавните објекти и локалните институции.
Од Асоцијацијата најавуваат дека во секоја од општините ќе се организираат бројни културно-спортски активности преку кои ќе се промовира богатата културна традиција на овие простори и прифаќањето на разликите како предност и богатство на едно општество.
Реализацијата на кампањата е поддржана од Британската Амбасада во Скопје.