Размена на книги во битолската библиотека

Во четврток, од 11 часот до 15 часот, во просториите на Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола ќе се одржи размена на прочитани книги во која секој може да се вклучи.

Потребно е посетителите да ги понесат со себе нивните прочитани книги и да ги разменат со другите посетители.

„Нека се почитуваат правилата секој да земе онолку книги колку што ќе донесе. Со читателите ќе се разговара за организирање на „Клуб на читатели за млади и возрасни“, во рамките на кој ќе се анализираат различни книги, ќе се дискутира за омилени книги и писатели.

Клубот ќе претставува можност и форма да се сретнат на едно место сите љубители на книгата. Идејата е да им се даде можност на читателите да ги искажат своите мислења, можност за размена на идеи, да научат како се одвива една дискусија, како се дава критички осврт и анализа на дело, да го збогатат нивниот вкус за литература и да развијат комуникациски вештини“, информираат организаторите.