Во сабота (18 април), со почеток од 13 часот пред спомен куќата на Мајка Тереза, во центарот на Скопје ќе се одржи донаторска собирна акција на книги и училишен прибор за децата од Домот за Деца без родители, „11 октомври”.
Здружението „Хуманост без граници” организира размена на оние книги oд домашните библиотеки кои луѓето ги прочитале еднаш и нема повторно да ги читаат.
Оние кои сакаат да се вклучат во акцијата, треба да се придржуваат кон двете правила – никој не носи книги за кои знае дека нема да бидат интересни за размена и секој зема онолку книги колку што донел.
„Со цел да ги израдуваме децата кои живеат во Домот за Деца без родители “11 октомври” во Скопје, ве покануваме да подарите и донирате љубов, спакувана во едукација, која на децата од Домот за Деца без родители „11 октомври” во Скопје секогаш им е потребна“, велат организаторите.
Препорачливо е да се донираат книги, училишен прибор, сликовници, боенки, лектири, фломастери, темперни, водени, мрсни бои, тетратки, блокчиња, и се од училишен прибор.