Министерството за култура го разреши Фремзим Даути од должноста директор на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“-Скопје.
Причината за тоа, велат од министерството, се низа сериозни неправилности во неговата работа кои биле утврдени по повеќемесечни инспекциски надзори што ги спровеле годинава.
„Врз основа на утврдената фактичка состојба констатирана при инспекциските надзори, министерката за култура Ирена Стефоска оцени дека се исполнети законските услови за разрешување од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“-Скопје пред истекот на мандатот“, стои во соопштението на министерството.
До избор на нов директор, заради непречено функционирање на оваа установа, назначен е в.д. директор од редот на вработените.