Разрешен секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров, на негово место доаѓа Наталија Митовска

Секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров вчера беше разрешен од функцијата.

Како што соопштија од Град Скопје, на неговата позиција доаѓа Наталија Митовска.

„Митовска била носител на високи раководни функции во Владата на Р.Македонија. Од 1998 година работи како советник на потпретседателот на Владата, а од 2000 до 2002 била помошник министер за внатрешни работи задолжен за меѓународна соработка и европски интеграции. Митовска била и советник на генералниот директор на ЕЛЕМ од 2015-2019 година во период кога претпријатието ги бележеше најдобрите економски и оперативни резултати, има искуство во приватниот сектор со високи извршни позиции, како и работа како асистент професор по политички науки“, посочија градските власти.

Од Град Скопје велат дека на позицијата доаѓа како професионалец кој може значително да придонесе кон работата на градската администрација и реализација на проектите од програмата.