Oд 26 август до 1 септември 2013 година, во Плав (Црна Гора) се одржува кампот „React 2013“ чија цел е на младите луѓе да им го доближи новиот профил на НАТО како политичка организација. За учество во кампот може да аплицираат сите млади кои немаат повеќе од 35 години.
Краен рок за испраќање на апликациите е 20 јуни. Притоа организаторите покриваат 50 % од патните трошоци за учесниците што доаѓаат од земјите во регионот, а обезбедени се и сместување и храна.
Посебен фокус оваа година ќе биде посветен на животната средина, економијата и туризмот, како и позитивните и негативни импликации врз нивниот развој во Црна Гора во однос на нејзиниот прием во НАТО.